Холандскиот фудбалер Мемфис Депај, кој имаше солидна форма уште во времето кога играше за ПСВ, беше купен од страна на Ван Гал во Манчестер Јунајтед, но таму не се прослави.

Недоволно дадениот простор и веројатно недоволното импресионирање на челниците на Јунајтед, беа причини за Мемфис Депај да биде продаден во Лион за 20 милиони евра, нешто помалку од тоа што беше купен претходно.

Но и покрај неуспешниот период во Манчестер Јунајтед, па и во Лион, каде нема баш некоја константно добра форма, Холанѓанецот смета дека наскоро може да заигра и за големиот Реал Мадрид.

- Би можел да заиграм за Реал Мадрид, да, тоа е сериозна намера и цел. Но кога би дошло време за тоа? Само Господ знае - потенцирал Депај за холандските медиуми.

Јунајтед го продаден за 20. милиони евра, но има опција во клаузулата на Депај со Јунајтед дека некогаш доколку го посакуваат, клубот од Олд Трафорд има ексклузивно право да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа