Лионел Меси откри дека во својот живот има уште еден неостварен сон, а тоа е еден ден повторно да го облече дресот на Њуелс Олд Бојс, клубот во кој ги имаше своите фудбалски почетоци, пред да се пресели во тимот на Барселона.

- Мојата голема желба е повторно да го облечам дресот на Њуелси. Не знам кога тоа навистина ќе се случи, можеби за неколку години, но сигурно ќе се вратам во мојот град. Но, сакам да останам во врвна форма, па да заиграм за мојот клуб од Розарио - откри Меси.

Живата легенда на Барселона и светскиот фудбал, сè уште не го продолжил договорот со Каталонците, а според некои шпекулации менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има голема желба да го види во дресот на „граѓаните“.

Лионел Меси во 2001 година на само 13-годишна возраст се пресели од тимот на Њуелс Олд Бојс во Барселона. При потпишувањето на договорот, Барселона ги презеде сите обврски околу лекувањето на Аргентинецот, бидејќи имаше проблеми со хормонот за раст. За првиот тим на Барселона дебитираше во 2004 година, а од тој момент, па до денес е само пишување на историја.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа