Летово за 68 милиони евра од Реал Мадрид Алваро Мората се пресели во Челзи и прилично добро се снајде во новата средина.

Тој во новата сезона одигра 15 натпревари за клубот од Лондон и забележа 8 погодоци, што е солиден ефект.

Шпанскиот репрезентативец во интервју за медиумите на островот откри дека му е добро во клубот, но само му пречи лошото време и дождот. Мората потенцираше дека не ја исклучува можноста по третпат да се врати во Реал Мадрид, но тоа сега е доста комплицирано.

- Никогаш не сум кажал ниту еден лош збор против Мадрид, се заљубив во тој град. Но Челзи е одличен тим. Исто така и Лондон ми е добар, успеав да се прилагодам, но ми недостига шпанското време, овде постојано врне. Секако дека би сакал да се вратам во Мадрид, но тоа е комплицирано - изјави Мората.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа