Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, со победата против Белгија, успеа да се пласира во група на квалификации за Европското првенство.

Македонија славеше со 2:1 против Белгија во натпреварот од 2. коло на турнирот во Скопје и го слави големиот успех на турнирот кој го организираме во Скопје.

Македонија до 19 години за првпат во својата историја ќе игра елитни квалификации за пласман на Европско првенство. Младите фудбалери предводени од Вујадин Станојковиќ одиграа одличен натпревар против Белгија која како прв фаворит допатува на турнирот во Скопје.

Белгиските фудбалери подобро го отворија натпреварот, по десет минути веќе имаа предност од 1:0, но во продолжението бевме подобар противник и заслужено остваривме Белгија поведе во 10. минута со прекрасен гол по индивидуална мајсторија на Дам Фулон. Македонија почна да игра и да притиска кон голот на Белгијците. Шанси имаа Митровски и Ферукоски, но нивните обиди завршија безуспешно, за иницијативата конечно да вроди плод во 24. минута, кога погоди Елиф Елмас, по одлична асистенција на Дарко Чурлинов.

До крајот на првиот дел Македонија успеа да постигне уште еден гол во мрежата на Белгија, преку Митровски, но сепак, истиот сомнително беше поништен поради офсајд позиција. Стартот на вториот дел нашите надежи го почнаа доста динамично и веднаш почнаа да креираат шанси. Прекрасна двојна прилика имаше Дарко Чурлинов, во 47. и 51. минута, но неговите удари завршија над голот на Де Смет. Потоа, во 63. минтуа шанса имаше и Елмас, но неговиот удар по земја беше премлак за вторпат да се тресе мрежата на Белгија.

Пред финишот Белгија остана и со играч помалку затоа што поради остар старт беше исклучен Верстрате, а Македонија сето тоа го искористи пред финишот, кога Чурлинов изнуди пенал, а го реализира Јани Атанасов, за конечни 2-1.

По натпреварот немаше потреба од зборови, радоста во соблекувалните најдобро сведочи за еуфоријата која се создаде со уште еден успех на младите фудбалски сили на Македонија.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа