Фудбалската репрезентација на Бразил вчера на еден начин ги започна подготовките за претстојното Светско првенство, кое идната година ќе се одржи во Русија.

„Кариоките“ со убедливи 3-1 славеа победа над Јапонија, на првиот „тест“ меч во оваа репрезентативна пауза, но победата беше во втор план за присутните новинари на прес-конференција, кои го „нападнаа“ Нејмар со прашања кои не се поврзани со Бразил.

Тие го прашуваа дали е вистина дека во ПСЖ може да прави што сака, односно дали неговиот збор е поголем од оној на тренерот Емери, а беше запрашан и дали е вистина дека од идното лето ќе ги засили редовите на Реал Мадрид.

Нејмар ги демантираше сите овие зборови на новинарите, а на негова страна застана и селекторот Тите.

- Луѓе сме, сите грешиме. Нормално е да има недоразбирања, но ние сме дел од великан како Бразил и проблемите ги оставаме зад себе и мислиме само на иднината. Вие новинарите го критикувате Нејмар без никакви причини. Треба да пишувате за неговиот карактер, однесување и големо срце кое Нејмар го има - изјави Тите.

Нејмар погоден од зборовите на својот селектор не можеше да ги задржи емоциите и со солзи на очите ја напушти прес конференцијата.

Во понеделник Бразил ќе го одигра вториот тест натпревар во овој период, кога силите ќе ги одмери со селекцијата на Англија.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа