Изгледа дека фудбалскиот тим на Барселона конечно ја најде вистинската замена за Нејмар. Според пишувањата на француските медиуми, Антоан Гризман ќе стане нов фудбалер на Каталонците.

Договорот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид е веќе постигнат и останува само да се решат некои мали детали како и документацијата помеѓу двете страни, по што останува да се направи и договорот со фудбалерот и следното лето да се комплетира трансферот.

Гризман минатото лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, беше близу до трансфер на „Олд Трафорд“, но одлучи да остане во Мадрид бидејќи Атлетико доби трансфер забрана, која истекува ова лето.

Поради ова, Барселона призна дека нема да тргне по Гризман бидејќи сочувствува со проблемите на Атлетико Мадрид, а трансферот бил одложен за следното лето.

Гризман ќе треба да биде замената за Нејмар, иако не игра на истата позиција со Бразилецот. Ако се суди според ова, тогаш ќе мора да има и жртви во тимот, па така веројатно Суарез ќе биде продаден или Усман Дембеле ќе мора да се пресели на клупата за резерви, иако Каталонците летово го направија најскап играч во историјата на клубот.

Останува опција за Барселона да игра и во друга формација, односно 4-2-3-1, која би била исклучително офанзивна со Меси, Гризман и Дембеле зад најистурениот Суарез.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа