По поразот од Шведска на првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство, италијанските медиуми открија дека дошло до конфликт помеѓу постарите играчи и селекторот Вентура.

Тие го обвиниле за кукавички пристап на натпреварот против Швеѓаните и му сугерирале дека мора да игра похрабро и да им даде шанса на поофанзивните играчи во репрезентацијата.

По ова состојбата ескалирала, дошло до расправија, селекторот се заканувал со оставка по првиот натпревар бидејќи играчите му се мешаат во работата и им понудил сами да го состават тимот.

Наводно на „сенаторите“, односно на постарите играчи, не им се допаднал фактот што селекторот не му дал шанса на Лоренцо Инсиње да заигра, односно да игра само со еден класичен напаѓач и да се одлучи за дефанзива. Сепак, Вентура останал на својата одлука. Сличен проблем настана и вчера во текот на натпреварот, кога Вентура побарал од Де Роси да се загрева за да влезе во игра, а искусниот фудбалер на Рома одбил и покажа кон Инсиње со насока дека тој треба да влезе во игра, бидејќи се потребни повеќе напаѓачи за да се сруши бедемот на Швеѓаните.

Инсиње не настапи, Вентура изведе состав за кој мислел дека во тој момент е најдобар, а на крајот, остана 0:0.

Како и да е, по цели 60 години Италија нема да игра на Мундијалот.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа