По долги преговори со неговиот менаџер управата на Манчестер Сити го потврди продолжувањето на договорот со Давид Силва, кој се обврза да остане во Англија до 2020 година.

Доколку го исполни до крај, Шпанецот ќе стигне до бројката од десет години, бранејќи го дресот на „граѓаните“. Тој пристигна во Премиер лигата во 2010. година, а еднаш го обнови договорот во 2014. година.

Од претседателот на екипата, Чики Бегиристан, па се до тренерот, Пеп Гвардиола, сите приврзаници на клубот се среќни поради оваа одлука на Силва.

Оваа сезона, играчот за врска настапи на 18 натпревари, на кои постигна еден гол и додели 10 асистенции.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа