Vip

Фудбалерите на Барселона и втор меч во низа не успеаа да остварат победа во Примера, откако по ремито со Валенсија, денес одигра без победник и со Селта.

На „Камп Ноу“ двете екипи одиграа фантастичен меч, кој изобилуваше со многу отворен фудбал и шанси на двете страни, па можеби резултатот од 2-2 е најреалниот исход од ова дерби на 14. коло на шпанскиот шампионат.

Очекувано мечот започна со иницијатаива на Барселона, се играше на полето на Селта, но гостите први зададоа удар, откако во 20. минута Аспас ја затресе мрежата на Тер Штеген. Сепак, радоста на тимот од Виго кратко траеше, бидејќи по само две минути Меси ја прекина црна серија и по еден месец конечно постигна гол за 1-1. До крајот на првото полувреме Барса преку Меси, Суарез и Паулињо пропушти големи шанса за водство, но на полувреме се замина со 1-

Каталонците преку Пике и Меси во второто полувреме можеа да го вратат водството на своја страна, но искусниот дефензивец биеше само во стативата на гостинскиот гол, додека Аргентинецот од непосредна близина со глава го промаши целиот гол. 

Во 62 минута, Луис Суарез погоди за 2:1, но и покрај тоа што сите на стадионот очекуваа триумф на домаќините, Селта, се врати во игра. Гомез израмни на 2:2 во 70 минута, што на крајот се покажа како конечен резултат.

barsa0212

Селта полека но сигурно станува кошмар за Барселона. Во последните пет меѓусебни дуели, Селта има две победи и едно реми, а каталонците се радувале два пати.

И по овој кикс Барса останува на челната позиција на табелата со 36 бода, но Валенсија ќе има можност да се доближи на само три бода, доколку утре слави на мечот со Гетафе. Градските ривали Атлетико и Реал се на третата и четвртата позиција со по 27 освоени бода.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila