Vip

Италијанскиот тренер Андреа Страмачиони пред пет години го предводеше Интер до титулата во младинската Лига на шампиони, а сега е пред излезна врата од тимот на Спарта Прага.

Страмачиони важеше за еден од најталентираните италијански стратези a седна и на клупата на „нераѕурите“.

Потоа кариерата на Страмачиони тргна во надолна линија. Беше тренер на Удинезе и Панатинаикос, но без значаен успех. Сега е на клупата на Спарта од Прага, а фановите на овој клуб му порачаа дека е време тренерот да си оди. Екипата заостанува 18 бодови зад лидерот Плзен.

Навивачите на Спарта направија интересна кореографија со „шут-карта“ за Страмачиони. Беше направена авионска карта на која стоеше името Андреа Страмачиони, за лет од Прага кон Рим, со вчерашен датум.

trenerotkaz02

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila