Vip

Екипата на Алавес оствари голема победа со која се одвои од дното во шпанска Примера, откако како гостин кај Џирона славеше со 2-3 (0-0), во меч во кој забележавме луд пресврт.

Имено, по првото полувреме без голови, домашните играчи дојдоа до предност од 2-0, со два брзи гола на Стуани и Хуанпе. Иако многумина помислија дека е готово, „фенерџијата“ не се предаде во ниту еден наврат од мечот, па со три гола го изненади домаќинот.

Херој на гостите од Алавес е 28. годишниот шпански фудбалер Ибаи, кој постигна хет-трик. Со погодоци на напаѓачот во 72. и 87. минута, Алавес изедначи на 2-2, додека победничкиот гол за целосен пресврт пристигна во 93. минута од мечот.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila