Vip

Шпанска „Марка“ открива дека напаѓачот на Интер, во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на тимот од „Сантијаго Бернабеу“.

Според шпанска „Марка“, актуелниот шпански и европски првак е подготвен да го купи Мауро Икарди од Интер во следниот предоден рок (јануари 2018).

Претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез вели дека е фокусиран на доведување на нови играчи, а прв на листата е голгетерот на Интер, Мауро Икарди.

Интер е лидер во италијанската Серија А, а токму Икарди е лидерот на „нераѕурите“. За разлика од Интер, Реал во Шпанија заостанува осум бодови зад лидерот Барселона, а напаѓачкото дуо Кристијано Роналдо и Карим Бензема не е во посакуваната форма.

И тренерот на Реал, Зинедин Зидан, најави дека Реал ќе пазари во јануари, а Икарди е првата мета. Доколку не успее да го доведе Аргентинецот, во нападот може да биде доведен офанзивецот Тимо Вернер.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila