Vip

Еден Азар одбил да го продолжи договорот со „сините" иако рускиот богаташ Абрамович му дал услови кои реално е тешко да се одбијат.

Абрамович наводно му понудил на Азар да биде најдоброплатениот фудбалер во Премиер лигата, и дека за една сезона може да смета на сума од 17.600.000 евра, што е повеќе од што сега прима Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Но како што пишува угледниот „Тајсм", Азар упорно го одбива тоа затоа што веќе постигнал усен договор со челниците на Реал Мадрид во летото 2018 се пресели кај нив.

Весникот вели дека за да ги обезбеди не баш малите средства за овој трансфер, Реал е спремен да го продаде дури и Герет Бејл.

За потсетување, Азар дојде во клубот од „Стемфорд бриџ" пред пет годни и тоа од екипата на Лил за сума од 35.милиони евра. Малку е веројатно дека и двојно повисока понуда која би дошла од Реал би била воопшто ставена на разгледување од страна на Абрамович.

Но, се' е можно... Тоа го вели и изјавата на Еден Азар:

- Засега сум среќен во Лондон. Кога ќе решам да си одам – ќе си заминам без да гледам назад.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila