Големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити (1:2) според многумина реши многу прашања за титулата со оглед на тоа што гостите од „Итихад“ отидоа на плус 11 поени разлика.

Како што пренесуваат сите угледни англиски медиумите, ова последново за жал се префрлило и во соблекувалните и подтрибинскиот простор каде што следело крваво „трето полувреме“ на „Олд Трафорд“, мешаница која всушност настанала по обидот на Жозе Мурињо да ги смири „граѓаните“.

Имено, играчите на Манчестер Сити и комплетниот стручен штаб бурно и гласно славеле во својата соблекувална, а тоа воопшто не му се допаднало на Мурињо кој им ја прекинал веселбата порачувајќи им дека треба да покажат поголема почит кон противникот.

Сето ова воделе до непосакувани дофрлања и вклучување на многу актери во расправија, а истата се префрлила во подтрибинскиот простор каде според информациите на највлијателните медиуми, учествувале дури 20 играчи и члена на двата тима.

Во ходникот биле фрлани различни шишиња и предмети, а од тоа што досега е потврдено, удар со шише во главата заработи Жозе Мурињо, а доста лошо поминал и помошникот на Пеп, Микел Артета кој заработил расекотина на челото.

Крвавото „продолжение“ на „Олд Трафорд“ секако го расипа џентлменскиот пристап кој инаку го демонстрираа Жозе и Пеп на теренот, а според изворите, само добрата реакција на обезбедувањето и полицијата спречило уште поголем срам и хаос меѓу актерите од дербито.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа