Екипата на Бетис само ги надоврзаа проблемите на Малага откако остварија победа на гостувањето на „Ла Росаледа“ (0-2) во последниот меч од 16. коло во шпанска Примера. Домашните фудбалери останаа на дното на табелата и го запишаа 11. пораз оваа сезона.

Андалузијците постигнаа по еден погодок во секое полувреме и ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа. Една тимска акција во првото полувреме донесе отворање на резултатот, а стрелец на голот беше Серхио Леон по асистенција на Хоакин.

Проблемите на домаќинот се продлабочија по вториот гол на Виктор Камараса во 50. минута, но и по директниот црвен картон кој го заработи Адријан. Тоа стави печат на очајната вечер на фудбалерите на Малага кои ќе бараат бодови во следното коло, кога му гостуваат на Алавес.

Бетис ќе има нов предизвик пред себе и ќе го пречека Атлетик Билбао, но во центарот на вниманието во 17. коло ќе биде дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кој е закажан за недела со почеток од 13.00 часот.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа