Хавиер Алехандро Маскерано е пред заминување од Барселона и преселба во Кина во екипата на Хебеи Фортјун, но за да се реализира овој трансфер прво мора да се исполни еден услов.

Лидерот во Примера за овој потег ќе заработи 10 милиони евра, додека пак Аргентинецот ќе добие плата од 19 милиони евра за 24. месечниот престој во Азија.

Меѓутоа за да се комплетира зделката прво ќе мора каталонците да доведат замена или поточно се додека ова не се случи популаниот „Хефесито“ нема да го напушти „Камп Ноу“.

Прв кандидат за негова замена е Џери Мина од Палмеирас со кого великанот веќе има преддоговор, но требаше тој да дојде на лето и сега работата може да се забрза. Во игра се и некои други имиња, но и ангажман на дефанзивец на шест месечна позајмица.

Со оглед на тоа што Умтити ќе паузира до февруари тренерот Валверде на стоперската позиција освен Маскерано ги има Пике и Вермален.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа