Фудбалерите на Лацио се првиот патник во полуфиналето на Купот на Италија, откако на „Олимпико“ во Рим славеа победа против тимот на Фиорентина со 1-0 (1-0).

За римјаните ова е втора сезона по ред да се пласираат во полуфиналето на италијанскиот Куп, а минатата година играа и во финалето, но беа поразени од тимот на Јувентус со 2-0.

Екипата на Симоне Инзаги одлично го започнаа натпреварот и со голот на Лулиќ уште во 6. минута поведоа со 1-0. Во првиот дел Инзаги беше принуден да направи и една измена, поради повреда играта ја напушти Каиседо, а на негово место влезе Имобиле.

Во второто полувреме фудбалерите на Фиорентина беа многу поопасни и константно го притискаа домашниот гол, за разлика од Лацио, кој главно беше ориентиран кон одбрана на предноста. Во 65. минута одлична шанса за израмнување имаше Киеза, но Стракоша одлично одбрани. Во продолжение Лацио се закани преку Имобиле, но со крајни напори гостинскиот голман спречи двојна негатива за гостите.

Потоа своја шанса имаше и Лулиќ, кој изби сам на работ од шеснаесетникот, но Драговски повторно беше на вистинското место. До крајот Фиорентина правеше обиде барем да го внеси натпреварот во продолженија, но Лацио успешно се одбрани и обезбеди пласман во полуфиналето на италијанскиот Куп.

 Лацио во полуфиналето ќе игра со подобриот од утрешниот дуел меѓу Интер и Милан.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа