Екипата на Ливерпул направи одличен трансфер и ги надитри сите од Премиер лигата договорајќи го најголемото засилување во пресрет на продолжението од сезоната.

Имено, клубот од „Енфилд Роуд“ се договори со Саутемптон да исплати 75.000.000 фунти за дефанзивецот на оваа екипа, Вирџил ван Дајк - јави  „Дејли Мејл“.

Ливерпул се договори со „Светците“ за потписот на холандскиот стопер, кој на „Енфилд“ ќе заработува 180.000 фунти неделно.

Ливерпул се обиде да го доведе Ван Дајк во летниот преоден рок, но Саутемптон реагираше и се закани со пријава, по што Ливерпул се откажа од трката, иако се обиде повторно пред крајот на преодниот рок да започне преговори со „Светците“. Сега, нивната намера конечно е исполнета, а Ван Дајк ги одби понудите на Челзи и Манчестер Сити, избирајќи го тимот на Јирген Клоп.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа