Германскиот репрезентативец Месут Озил нема да се пресели во Барселона во јануарскиот преоден рок.

Причина за тоа се неговите барања кои се далеку поголеми од она што го нудат “каталонците” во овој момент. Меѓу другото, тој бара тригодишен договор во вкупна висина од 60 милиони евра со што би бил втор најплатен играч во тимот, веднаш зад Лионел Меси.

Откако пропадна оваа можност, Барселона ќе мора да бара нова алтернатива. Неизвесен е и договорот со Филип Кутињо, па празнината ќе се пополнува или со Ди Марија или со некој друг фудбалер.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа