Напаѓачот на Бешикташ, Џенк Тосун ги помина лекарските прегледи на „Гудисон Парк“ и од 1. јануари и официјално ќе биде нов фудбалер на Евертон.

Тој во новиот клуб ќе остане 4 години додека на денешниот натпревар од Купот на Турција се прости и од своите навивачи.

„Карамелите“ за турскиот фудбалер на Бешикташ ќе му исплатат 28 милиони евра, што ќе претставува рекорд за фудбалер кој од турската лига се преселил во некоја друга. Тосун е роден во Германија и поради тоа нема да има потреба да чека работна дозвола.

Оваа сезона, Тосун е еден од најзаслужните фудбалери за пласманот на Бешикташ во осминафиналето на Лигата на шампионите, а на 23 натпревари постигна 13 гола.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа