Во петок екипата на Спортинг Лисабон одигра 1:1 во пресметката со Белененсес во португалскиот куп, натпревар на кој не беше повикан нашиот Стефан Ристовски кој доби слободни денови од страна на тренерот Жорге Жесус поради свадбата со својата вереница.

Добро познато е дека натпреварот меѓу Спортинг и Белененсес ќе остане запаметен по жестоката препирка која ја имаа соиграчите Коентрао и Акуња на теренот, но од друга страна пак, Ристовски стана хит на Инстаграм истиот тој ден поради едно уникатно виде.

Ристе сподели феноменално видео кое датира од денот кога двајцата негови соиграчи се тепаа на теренот, а во истото е изведе популарниот „манекин челинџ“ кој во дадената ситуација е збогатен со препознатлив балкански шмек.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа