Легендата на југословенскиот фудбал, Синиша Михајловиќ, не е повеќе дел од стручниот штаб на екипата на Торино. 

Имено, по вчерашниот пораз во градското дерби од Јувентус, раководството на клубот одлучи да се раздели од српскиот стратег и му врачи отказно решение.

Михајловиќ веќе подолг период не ги задоволуваше желбит на челните лица и фановите на Торино, па за очекување беше овој отказ. Србинот неколку пати го „преживеа“ заминувањето од тимот, но се чини дека поразот од градскиот ривал ја беше пресуден за овој расплет.

Италијанските медиуми веќе шпекулираат за неговата замена, а за главен фаворит се споменува Валтер Мацари. Торино полусезоната ја заврши на 10. позиција со 25 бода од 19 одиграни натпревари.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа