Екипата на ПСЖ во 2018-та влезе застрашувачки за сите ривали, откако одбраната на титулата од Купот на Франција ја започна со убедлива победа на теренот на Рен со 1-6 (0-4).

„Светците“ ја покорија Нормандија и како да се загреваат за осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, испратија порака до „кралевите“.

Во првото полувреме Мбапе одлично го реализираше контра нападот во 9. минута и го отвори резултатот. По серија на кратки пасови во 17. минута веќе беше 0-2 со голот на Најмар. Момците на Сабри Ламуши немоќно го гледаа шоуто на гостите од Париз и до полувремето погодија Ди Марија и уште еднаш Нејмар.

 Второто полувреме беше читста формалност, па Мбапе и Ди Марија постигнаа по уште еден гол, а почесниот погодок за Рен беше дело на Бурижо од пенал. Овој пораз е најтежок домашен неуспех за екипата на Рен во поновата историја.

Сензацијата на третото коло на Купот на Франција ја направи четвртолигашот Гранвил, кој на „Шабан Делма“ како гостин го победи прволигашот Бордо со 1-2 и го елиминира од Купот.

Проблеми имаше и Олимпик Марсеј, кој по продолженија славеше против Валенсијан со 1-0 со голот на Амави во 103. минута.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа