Шпанскиот дневен весник „Марка“, го обвини бразилскиот десен бек Марсело како главен виновник за неуспесите на „Кралевите“ оваа сезона на домашна сцена.

Имено, бразилскиот 29. годишен бек е обвинет дека се преку неговата страна Реал Мадрид капитулира и обично прима голови, а тоа е поткрепено и со статистички параметри.

- Шест од 16 голови кои ги прими Реал Мадрид беа преку левата страна од кај Марсело. Скоро 40% се тоа од примените голови. Тоа беа голови кои го чинеа Реал повеќе бодови, што придонесе за одалечкување од борбата за титулата. Бразилскиот бек оваа сезона не е на нивото - анализира „Марка“.

- Лути сме, тажни и тонеме се повеќе - ова беше последната изјава на Марселона при последниот неуспех на Реал Мадрид, на мечот со Селта Виго пред два дена кој заврши со 2:2.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа