Трет натпревар по ред без победа, само еден триумф во последните пет кола и втор пораз во низа на домашен терен.

Не се работи за третолигаш, туку за актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид кој е најголемата мизерија во моментов во Европа, доколку се суди според резултатите. Вечерва тимот на Зинедин Зидан е совладан пред своите навивачи од Виљареал (0-1), првпат во историјата на меѓусебните дуели.

Реал имаше повеќе од играта, упати 20 шута кон противничкиот гол, но не ја затресе мрежата на фантастичниот Асенхо кој имаше свој ден. Казната стигна во 88. минута кога Форналс на прекрасен начин го совлада Навас и му донесе три бода на Виљареал.

Со рака на срце, на голот му претходеше чиста офсајд позиција од Унал, а пред крајот на првото полувреме не беше досуден чист пенал за Кристијано Роналдо.

Но, тоа не е оправдување за тимот кој утре може да заостанува и 19 бода во однос на Барселона, а во опасност му е доведено и четвртото место во Ла Лига што води во Лигата на шампионите.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа