Управата на Барселона по ангажманите на Филипе Кутињо и Џери Мина  започна со ослободување на играчите кои не му се потребни на тренерот Ернесто Валверде.

Денеска каталонците официјално потврдија дека е постигнат договор со лидерот во турскиот шампионат Башакшехир за трансфер на Арда Туран. Туран воопшто сезонава не беше во плановите на Валверде, тоа му беше посочено и во летниот преоден рок, меѓутоа тој реши да остане уште една полусезона и да се обиде да се наметне.

Тоа не се случи, па тој во наредните две ипол години ќе биде на позајмица во клубот од Истанбул. За тој период Барса ќе добие одредена сума (бонуси) во зависност од неговите настапи, но лидерот во Примера исто има опција да го стави Турчинот на трансфер пазарот.

Од друга страна пак Башакшехир има можност да го откупи неговиот договор. Арда за Барса одигра 55. натпревари и освои 6 трофеи.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа