Во повторениот натпревар од третото коло на ФА Купот, фудбалерите на Челзи на домашен терен по серијата на пенали обезбедиja пласман во следната рунда, елиминирајќи го Норвич, откако натпреварот во регуларните дел заврши 1-1 (0-0).

Конте настапи со комбиниран тим и на крајот тоа можеше да се покаже како кобно за него и неговата екипа. Голот за водство на „сините“ го постигна Батчуаји во 67. минута. Во самиот финиш Алваро Мората имаше одлична шанса да ја дуплира предноста, но неговиот удар со глава заврши покрај голот. Казната за промашувањата на Челзи стигна во 94. минута, откако Луис погоди за 1-1 и го внесе натпреварот во продолженија.

Во дополнителните 30 минути, Челзи имаше повеќе шанси но повторно не успеваше да постигне гол. Во финишот беа исклучени Педро и Мората, но и без нив тимот од Лондон го доби пенал-рулетот со 5-3 и обезбеди следна рунда.

Во 4. коло пласман обезбедија и фудбалерите на Свонси, кои на домашен терен го совладаа Вулверхемптон со 2-1, а таму се пласира и Виган, кој изненадувачки славеше убедлива победа од 3-0 против тимот на Борнмут.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа