Фудбалерите на Барселона се последниот патник во полуфиналето на Купот на Кралот, откако на „Камп Ноу“ го совладаа Еспањол со 2-0 (2-0) и ја анулираа негативата од првиот натпревар (0-1).

Победата ја отвори дуото Суарез и Меси во нападот, откако по 10 минути игра уругваецот го искористи центаршутот на Видал и погоди за 1-0. И покрај водството Барса продолжи со нападите, а Меси во 25. минута зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на одмор.

Во продолжение и двете екипи влегоа претпазливо и се играше главно на средината на теренот без некоја поголема шанса за погодок. Во 68. минута со громогласни аплаузи беше проследено влегувањето на Кутињо, на местото на Иниеста.

До крајот фудбалерите на Барса умешно ја чуваа топката во своите нозе, Пау Лопез му одбрани двоен зицер на Суарез и Ракитиќ, а Меси со глава го погоди дирекот. Каталонците сосема заслужено обезбедија пласман во полуфиналето на кралскиот Куп.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа