Откако Реал Мадрид ги совлада Манчестер Јунајтед и Барселона во Супер куповите пред почетокот на сезоната, навивачите на “кралскиот клуб” беа едногласни дека оваа сезона не се задоволуваат со ништо помалку од тројна круна.

Но како минуваше сезоната стануваше јасно дека тоа ќе остане само сон. Реал има 19 бода помалку од Барселона, испадна од Купот на Шпанија и остана во игра само уште во Лигата на шампионите. И таму ќе има тешка задача бидејќи противник е ПСЖ, но одеднаш освојувањето на овој трофеј стана услов за “фантастична сезона”.

- Ако ја освоиме Лигата на шампионите, оваа сезона ќе биде неверојатна. Во првенството не почнавме добро и не сме задоволни, но треба да продолжиме да работиме за успех во ЛШ. Тоа е најважен трофеј - изјави Роналдо кој е прв стрелец во елитното натпреварување.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа