Алексис Санчез имаше победничко деби во новата средина во екипата на Манчестер Јунајтед.

Во вчерашниот меч од 1/16 финалето на ФА Купот, Јунајтед како гостин ја оправда улогата на фаворот и со чисти 4-0 славеше над Јеовил. Чилеанскиот репрезентативец доби шанса од самиот старт од Жозе Мурињо и учествуваше во првите два гола, во првиот при грешката на домаќините која ја искористи Рашфорд во 41 минута, додека пак во 61 му асистираше на Ерера за зголемување на предноста.

Во 72 минута го напушти теренот и му го препушти местото на Лингард, а токму Џеси во 89 стрелаше за 3-0. Точка на преставата стави Лукаку на асистенција на Рохо во 93 минута. Ова за Јунајтед беше шести натпревар во низа без примен погодок и петта победа во серија во сите натпреварувања.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа