Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалската игра, Златан Ибрахимовиќ, вчера ненајавено се најде на македонско тло и предизвика голема заинтересираност кај неговите фанови кои почнаа да објавуваат фотографии со него.

Неофицијално, шведскиот ас во Македонија дојден за лов во Штип, а странските медиуми утрово шпекулираат дека за неколку дена тој ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во МЛС лигата.

Како што пренесува „ЕСПН“, Ибрахимовиќ е на чекор да го засили тимот на Лос Анџелес Галакси, каде ќе потпише едногодишен договор.

Златан пред неколку месеци откако се врати по тешката повреда на коленото го продолжи договорот но не успеа да ги оправда очекувањата и досега во оваа сезона има одиграно седум натпревари, од кои само два како стартер.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа