Поранешниот англиски репрезентативец, Адам Лалана навлезе во сериозни проблеми откако ги пропушти првите четири месеци поради повреда. Тоа го натера Јирген Клоп да заборави на него и да го испрати во У23 тимот на „црвените“ за да работи на физичката подготовка.

Меѓутоа и таму ништо не му оди од рака, па гневот го истура на кој ќе стигне. Вчера, играчот за врска беше исклучен во дуелот со екипата на Тотенхем, откако физички го нападна противничкиот капитен, Џорџ Марш.

Од Англија пренесуваат дека Премиер лигата нема да го казни Лалана, но најверојатно тој ќе добие забрана за понатамошни настапи во У23 тимот на Ливерпул.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа