Холандските медиуми пишуваат дека е прашање на време кога Фудбалската федерација на Холандија ќе потврди дека нов тренер на фудбалската репрезентација на Холандија е Роналд Куман.

Тој ќе седне на столчето на местото на Дик Адвокат по големиот неуспех откако не успеа да обезбеди место на Светското првенство во Русија.

Првите контролни средби, Холандија ќе ги одигра во предвидениот период од ФИФА и УЕФА за пријателски натпревари во месец март и тоа против лутиот ривал Англија и Португалија. Неговата задача ќе биде да се пласира холандската репрезентација на Европското првенство 2020 година, кое првенство ќе биде децентрализирано во 12 градови со шест групи, A-F.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа