Јануарскиот преоден рок донесе големи возбудувања, а неколкуте звучни трансфери беа остварени на последниот ден од преодниот рок. Рома беше во центарот на вниманието во последните денови поради сагата околу Един Џеко, но се чини дека тоа не било се околу што римскиот клуб преговарал во јануари.

Италијанските медиуми објавија денеска дека ПСЖ се обидел во тајност да направи договор со Рома. Додека траела сагата околу Един Џеко францускиот клуб преговарал со „Волчицата“ околу Патрик Шик и голманот Алисон.

Бразилскиот голман оваа сезона е еден од најдобрите поединци во екипата, а неговите одлични игри не минаа незабележително. ПСЖ се обиде неприметено да го доведе Алисон, но и Шик кој би требало да биде резерва за Кавани.

Меѓутоа, во Рома не се осудија да ја прифатат сумата од околу 60 милиони евра за овој тандем бидејќи не знаеле како ќе заврши сагата околу Џеко, односно да си дозволат да останат без двајца напаѓачи. На крајот сите трансфери пропаднале и само Емерсон Палмиери замина во Челзи.

Сепак, од ПСЖ нема така лесно да се откажат од Алисон кој ќе се обидат да го доведат и на крајот од сезоната. Бразилецот со своите одбрани покажа дека станува збор за фантастичен голман и дека не е без причина веќе неколку години прв голман во Бразил пред Едерсон од Манчестер Сити.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа