Тимот на Севиља ќе игра за шестата титула во Купот на Кралот, откако извојува сигурна победа над Леганес (2-0) во реваншот од полуфиналето и со вкупен резултат од 3-1 се пласира во финалето, кое е закажано за 22 април.

Домаќините поведоа во 15. минута преку Карлос Кореа. Луис Муриел одлично асистираше во шеснаесетникот, каде 23-годишниот Аргентинец ја прими топката и мирно реагираше за да го постигне водечкиот погодок на натпреварот. Точка на вечерта стави Франко Васкез, кој во 89. минута ги постави конечните 2-0.

Во второто полуфинале, Барселона има минимална предност пред реваншот против Валенсија.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа