Поранешниот фудбалер за врска на Интер и моментален член на кинески Шангај Шенхуа, Фреди Гуарин, сака да се врати назад во Италија.

Колумбиецот го напушти Интер во 2016-та година, меѓутоа сега вели дека има голема желба повторно да се врати на Апенините и да го облече црно-синиот дрес.

- Парите не се проблем затоа што сум подготвен да прифатам пет пати помала плата. Минатата година разговарав со спортскиот директор Пјер Аусилио, но трансферот тогаш го спречија финансиските услови. Подготвен сум веднаш да се вратам во Интер, тоа ми е најголемата желба.

- Парите не ме интересираат, би прифатил многу помалку. Сакам да се вратам по секоја цена. Јас сум во Кина, но патот до Апенините го знам совршено - изјави Фреди Гуарин.

Гуарин го носеше дресот на Интер од 2012-та до 2016-та година, а покрај за Интер, тој настапуваше и за Бока Јуниорс, Сент Етиен и Порто.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа