Откако пропаднаа преговорите со Хари Кајн, раководството на Реал Мадрид се заинтересирал за услугите на еден од најдобрите голгетери во овој момент, Роберт Левандовски.

Во изминатиов период се пишуваше дека Полјакот е близу до портите на „Сантијаго Бернабеу“, но денес фудбалерот на Баерн Минхен  кратко и јасно истакна што мисли за овие шпекулации.

- Да, сум слушнал, но гласините не допираат до мене. Навикнат сум, ова ми се случува секој трансфер период. Не сум заинтересиран за овие пишувања, толку имам да кажам за оваа тема - вели Левандовски.

Роберт Левандовски е под договор со германскиот шампион до 2021 година, a оваа сезона дресот на Баварците го носеше на 29 меча, на кои постигна 24 гола.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа