Тимот на Наполи го доби саботното дерби во Серија А, против Лацио и тоа убедливо со 4:1 и повторно е на врвот на табелата во една од најсилните лиги на светот.

Иако имаа негатива од 0:1 по погодокот на Де Вриј, наполитанците приредија спектакуларно враќање и со четири голови по ред славеа убедливо против незгоден ривал, како што е Лацио.

Калјехон израмни во првото полувреме, а потоа Валас си постигна автогол за пресврт. Лидерот ја заврши работата со погодоците на Руи и на Мертенс за враќање на врвот пред Јувентус.

Наполи има 63. бода, еден повеќе од „Старата дама“, а Лацио е на третото место со 46. бодови.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа