Со натпреварите меѓу Базел - Манчестер Сити и Јувентус - Тотенхем ќе биде отворена осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, а во една најава за дуелот кој ќе го одиграат италијанскиот тим и англискиот премиерлигаш, интересна најава даде поранешниот директор на академијата на Арсенал, Лиам Брејди.

Поранешниот фудбалски работник на Арсенал ги предупреди играчите на Јувентус дека ќе имаат многу тешка задача да го сопрат Кејн, играчот за кој нема проблем да признае дека донел исклучително погрешна проценка и одлука.

Арсенал го има испуштено и практично „откачено“ актуелниот голгeтер на Тотенхем додека Брејди признава дека погршен впечаток добил поради физичкиот изглед на големата англиска ѕвезда при раната возраст.

– За жал сето тоа е вистина. Кејн беше дебел, немаше воопшто атлетски став и направивме голема грешка. Не личеше дека ќе има таков напредок, дури и Тотенхем го испрати на позајмици три или четири пати. Сепак, благодарение на неговата посветеност и желба, сега има феноменална кариера. Тој го заслужува тоа и го докажа на мечот со Арсенал. Тој со својот пристап и желба, покажа повеќе од Мхитаријан, Озил и Обамејанг заедно - вели Брејди во интервјуто за „Кориерe дела Сера“.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа