Индијана изгледа нема никаков респект кон Леброн и Вејд, па откако Крис Бош се повреди, тие сфатија дека го имаат Мајами в џеб. Вчера во Индијанополис тие победија со речиси 20 разлика, 94-75.
Кевин Дурант е најзаслужен за победата на Оклахома од два поени над Лос Анџелес Лејкерс, синоќа во Чизапик енерџи арената во Оклахома сити. Тандер победи во интересен финиш со 77-75.
Оклахома Тандер во првиот натпревар од второто коло во плејофот на НБА го победи Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен со 119 - 90. Со тоа Оклахома поведе во серијата со 1-0.
Олимпијакос Пиреја за кого настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ ја освои Евролигата откако вчера во Истанбул, во финалето од фајнлфорот ја победи ЦСКА Москва со 62-61.
„Перо Антиќ, број шест, Фиром“ - се слуша на видеото веднаш по коментаторот, на видеото во кое некој гледач успеал да го сними моментот на претставување на тимовите на Олимпијакос и Барселона во вчерашниот меч.
Мотивираните играчи на Денвер Нагетс ја изедначија серијата со Лејкерси на 3-3 и судбината ќе ја решаваат во Стејплс центарот за два дена откако ноќеска прикажаа одлична игра и победија со 113-96.
Ветеранот Кевин Гарнет покажа дека не треба да се заборави на него и покрај тоа што е пред крајот на својата кариера. Тој практично сам ја победи вчера Атланта и го обезбеди пласманот во второто коло против Филаделфија.
Филаделфија влезе во историјата како само петтиот тим што успеал некогаш да го победи првопласираниот во својата конференција во плејофот. Денвер, Голден Стејт, Мемфис и Њујорк кој во 99-та успеа да стигне и до финалето на НБА.