Војдан Стојановски конечно ја прекина серијата од пет порази по ред на тимот на Черкаси, помагајќи и на својата екипа да дојде до лесен и убедлив триумф од 94-80 на натпреварот против Химик.

 

Vojdan

Домаќините беа максимално мотивирани да ја прекинат црната серија, одиграа одличен меч, особено во нападот, и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Македонскиот репрезентативец беше втор стрелец на својот тим реализирајќи 14 поени и пет скокови, а добар меч одигра и поранешниот член на МЗТ Скопје, Миљан Пуповиќ, кој што ја заврши оваа средба со 13 поени и девет скокови зад своето име.

Најзаслужен за овој триумф на Черкаси беше Американецот Вили Соломон, кој го предводеше тимот на Стојановски и Пуповиќ со 26 постигнати поени.

извор: екипа


 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа