Vip

Чикаго на гостински терен ја победи екипата на Њујорк Никс (105-102), притоа нанесувајки им  го десеттиот пораз на Никси на последните 12 натпревари. Дерек Роуз постигна 15 од своите 32 поени во последната четвртина и 22 од вкупно 50 коша на Булс во второто полувреме. Роуз имаше и 13 асистенции.

Чикаго подобар од Њуjорк во дербито на Истокот

Солидна поддршка имаше од Карлос Бузер и Кајл Корвер, кои постигнаа по 16 поени. Амаре Стадемаер и Кармело Ентони промашија по еден шут за 3 поени во последните секунди, што можеше да го однесе натпреварот во продолженија. Амаре беше најефикасен и по подолго време имаше натпревар каков што очекуваат фановите и челниците на Никси од него - постигна 34 поени и забележа 11 скокови. Ентони го следеше со 26 поени, а 17 поени постигна Лендри Филдс.

Денвер Нагетс оствари убедлива победа против забревтаните Лос Анџелес Клиперс ( 112-91). Данило Галинари беше најефикасен кај Нагетс, постигна 21 поен,18 постигна Тај Лоусон, а 15 поени Арон Афлало. Кај Клиперси, 18 поени забележа Блејк Грифин, 17 поени Ренди Фоје, а 15 Крис Пол и додаде 9 асистенции.13 поени постигна Мо Вилијамс.

На останатите натпревари: Мемфис Гризлис 96- Атланта Хокс 77; Њу Орлеанс Хорнетс 81 - Сан Антонио Спарс 93; Портланд Трејлблејзерс 92 - Сакраменто Кингс 95; Јута Џез 101 - Голден Стејт Вориорс 119.

НБА преглед: Чикаго подобар од Њуjорк во дербито на истокот

Инаку, НБА лигата ги објави и стартерите за претстојниот All star  викенд, што ке се оддржи во Орландо овој месец. Стартери во екипата на истокот ќе бидат Дерек Роуз и Двејн Вејд како бекови, крила Леброн Џејмс и Кармело Ентони, а стартен центар на истокот ќе биде Двајт Хауард.

За западната конференција, стартери се Коби Брајант и Крис Пол на бековската позиција, Кевин Дјурент и Блејк Грифин на крилната и центар ке биде Ендрју Бајнам.

Овој пат, Ви ги прикажуваме најдобрите потези за месец Јануари... уживајте ....

С.Е | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila