
Минатиот натпревар што овие два тима го одиграа пред две недели заврши во полза на Њујорк каде што блесна популарниот бек со тајванско потекло, Џереми Лин. Овој пат, тој повторно беше прв стрелец за Њујорк, но Нетси не му дозволија да ги изненади повторно.

Лин даде 21 поен, а имаше и девет асистенции и седум скокови. Главните ѕвезди во тимот пак, Стадемаер и Кармело Ентони имаа 17 и 11 поени.
Дерон Вилијамс пак одржа тренинг шутирајќи тројки на теренот во Медисон Сквер Гарден. Тој погоди осум тројки од 14 обиди и имаше вкупно 38 поени и шест асистенции.

В.Н. | бркајработа
