Чудесен натпревар за Хјустон против Голден Стејт, додека пак Лејкерс славеа на гостувањето кај Бруклин Нетс.

harden-brada

Хјустон Рокетс одиграа фантастичен натпревар против Голден Стејт Вориорс. Успеаа да погодат неверојатни 140 поени, за разлика од Голден Стејт кои натпреварот го завршија со „само“ 109 поени. На овој натпревар се сруши и рекорд од број на погодени тројки во еден натпревар. Кошаркарите на Хјустон погодија вкупно 25 шута за тројка. Одлична партија имаше Џереми Лин со 28 поени и 9 асистенции.

Лејкерси славеа кај Бруклин со резултат 92:83. Иако настапија без Хауард, Лејкерс славеа многу важна победа, предводени од Коби Брајант и Ерл Кларк. Брајант постигна 21 поен и имаше 8 скокови, додека пак Кларк го заврши натпреварот со 14 поени и 12 скокови. Брук Лопез со 30 поени, беше најефикасен на натпреварот, но не успеа да го спречи поразот на својата екипа.

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа