Перо Антиќ ја доби дозволата од НБА за настап во кошаркарската репрезентација на Македонија.

antik-p

- Добивме и официјалната потврда дека осигурувањето на Антиќ е целосно средено. Тоа е одлична вест за сите, бидејќи сега Перо може да почне со тренинзи со репрезентацијата и сигурно ќе биде во комбинација за следните контролни натпревар – вели директорот на репрезентацијата, Илија Мерџановски.

Процедурата траеше подолго и затоа Антиќ не можеше да биде дел од дуелите против Хрватска. По првиот дел од подготовките во Словенија и Хрватска, репрезентативците добија тридневен одмор, а со тренинзи продолжуваат  во недела.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа