Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ во интервју за неделникот „Република“ го најави своето  повлекување од националниот тим.

Pero Antic 01

- Ова европско првенство е дефинитивно моето последно репрезентативно играње. Имам многу објаснувања зошто е тоа така. Сега веќе секое утро и моето тело ми објаснува мене, така што ова е дефинитивна одлука - истакнал Антиќ за „Република“.

Тој вели дека Европ­ско­то пр­венс­тво во Сло­ве­ни­ја македонската репрезентација може да покаже добра игра и да се претстави како сериозен тим, а дру­го­то сe ќе си дој­де на свое ме­сто.

Нашата репрезентација на ЕП во Словенија кое стартува на 4 септември е во група со Србија, Црна Гора, Литванија, Летонија и Босна и Херцеговина.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа