Пред некое време ви ги презентиравме најниските кошаркари кои некогаш играле во НБА лигата, па затоа денес нешто сосема спротивно. Највисоките фудбалери, според податоците кои се официјални, кои моментално трчаат по терените низ светот.

5. Пер Мертесакер

mertesaker

Германскиот дефанзивец со своите 198 сантиметри, претставува вистински ѕид во одбраната на лондонски Арсенал. Овој висок дефанзивец е речеси непобедлив во борбите за високите топки со глава, па секогаш претставува опасност и за противничкиот голман при изведувањето на корнерите. Проблемот е што е доста спор, па често е лесно надтрчан од брзите напаѓачи.

4. Питер Крауч

krauch

Напаѓачот кој е најмногу познат по својата височина. Поседува извонредни технички вештини за фудбалер со неговата височина од 201 сантиметри, па знае често да изненади со некој извонреден гол. Ретко кој го заборава голот со ножички во дресот на Ливерпул. И покрај невообичаената физичка конституција, сепак Крауч долго време опстојува во тимовите во Премиер Лигата.

3. Никола Жигиќ

zigic

Српскиот напаѓач е висок 202 сантиметри и претставува вистински џин. И покрај тоа што нема некои баш одлични способности со нозете, сепак неговата висина и можност да стигне до секоја висока топка во воздухот, направи да има доста солидна интернационална кариера. Има настапувано за Расинг Сантандер и Валенсија во Шпанија, додека моментално игра во дресот на Бирмингем.

2. Тор Хогне Арој

aroj

За овој фудбалер веројатно ретко кој слушнал. Се работи за норвешки напаѓач, кој официјално е највисокиот фудбалер, кој не е голман, со своите 204 сантиметри. Има настапувано во неколку клубови од Норвешка, каде што најдолго се задржал во Алесунд, каде што во 242 натпревари постигнал 90 голови. Но и покрај тоа, нема ниту еден одигран натпревар за Норвешката репрезентација.

1. Кристоф Ван Хоут

hout

Официјално највисокиот фудбалер во светот. Овој белгиски голман е со висина од 208 сантиметри. Има настапувано за повеќе белгиски екипи, каде што најмногу натпревари одиграл во дресот на Кортријк, со што на 25 години, минатата година, потпиша за големиот клуб во рамките на Белгија, Генк, за кои има одиграно, сега за сега, само 7 натпревари.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа