Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва ќе го одигра првиот од двата натпревари против актуелниот европски шампион Шпанија. Двата натпревари се дел од подготовките на двете селекции за престојното Европско првенство кое ќе се одржи од 4. до 22. септември во Словенија.

kosarka1 mkd

Вечерашниот дуел кој ќе се игра во Сантиаго де Компостела од 21 часот, ќе биде втор меѓусебен на Шпанија и Македонија, кои првиот го одиграа во полуфиналето на Европското првенство во Литванија пред 2 години.

В среда во Лион, ќе се одигра и вториот натпревар, по кој репрезентацијата на Македонија ќе отпатува за Улм, Германија.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа