Привремениот менаџер на Челзи, Гус Худинк ги негираше шпекулациите за можна продажба или изнајмување на фудбалери од неговиот тим во јануарскиот преоден рок.  

Овој демант доаѓа откако се појавија информации дека Астон Вила прави обиди да го привлече Лоик Реми на изнајмување. Холандскиот специјалист исто така, објави дека клубот засега не преговарал со Дидие Дрогба за негово привлекување во тренерскиот штаб.

– Сметам на сите играчи на Челзи, затоа никој од нив нема да го напушти клубот во јануари. За Дрогба, по ова прашање нема напредок, изјави Хидинк.

Инаку Дрогба има важечки договор со Монтреал Импакт, но Хидинк инсистира за негово привлекување.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа