Vip

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, го продолжил договорот со Фенербахче со времетаење до 2020 година.

Жељко Обрадовиќ, осумкратен клупски првак на Европа, во Фенербахче пристигна во 2013 година и во последните две сезони успеа турскиот тим да го однесе на завршниот турнир во Евролигата, а во последните три сезони да освои три шампионски титули во Турција.

Во својата кариера Обрадовиќ беше тренер и на Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон и Панатинаикос, а како селектор ја предводел и репрезнетацијата на СР Југославија.

Од наведените клубови само со Бенетон не успеал да ја освои европската титула, а најмногу трофеи, вкупно пет, има со Панатинаикос.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila